28 декември – студентите ја креваат Србија на нозе: Потписи за избори на 90 локации низ земјата
Студентите во блокада најавија голем протест на 28 декември во повеќе градови низ Србија, кој ќе се одржи во форма на директно поврзување со граѓаните. Тие осмислија тој ден на повеќе локации да бидат поставени штандови, на кои граѓаните ќе можат да остават свој потпис и лични податоци, со што, на одреден начин, ќе учествуваат во претстојните избори







