Супер-старт на младите ракометари на Европското првенство: „Прегазена“ Црна Гора!
Младата репрезентација на Македонија, за ракометари до 20 години, имаше феноменален старт на Европското првенство кое се одржува во Целје, Словенија. Во првиот натпревар од прелиминарната рунда, македонските младинци ја „прегазија“ селекцијата на Црна Гора победувајќи со 31-21 (12-5). Македонија целосно доминираше на натпреварот од самиот почеток,