Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс Арибе, советникот Гијом Рендино и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер







