Ивиќ е нов голман на Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер го официјализира трансферот на хрватскиот голман Филип Ивиќ. Изминатите две сезони Ивиќ ги мина во француски Шамбери. Повремениот хрватски репрезентативец во професионалната кариера настапувал во Хрватска, Полска, Германија, Словенија, Франција. 31-годишниот Ивиќ е загрепчанец и изданок на школата на поранешниот европски првак Загреб