Червар во свој стил: Не се лутам на тие критиките за „седум на шест“, тоа ме тера да бидам уште подобар!
Лино Червар конечно пристигна во Битола и му го даде потребниот импулс, но и вербата дека Пелистер ќе има што да покаже оваа сезона. Вечерва во салата „Боро Чурлевски“ падна бундеслигашот Гумерсбах, откако момците на Червар приредија неверојатен пресврт. Искусниот стратег на битолчани ја сподели својата анализа, потенцирајќи го задоволството од играњето

