По истекот на боледувањето Сотир Лукровски не се појавил на работа, СДСМ бара одговори
Претседателот на Општинската организација на СДСМ – Карпош, Панче Милевски, денеска побара од градоначалникот Сотир Лукровски јавно да им се обрати на граѓаните и да објасни зошто не се појавува на работното место по истекот на неговото официјално боледување. Според Милевски, боледувањето на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се вратил





