Пеколна одмазда поради отказ – гледајте како гори! Македонски државјанин запалил пицерија во Белград, па на газдите им праќал снимка
Четириесет и шестгодишен, државјанин на Македонија бил уапсен за филмско палење на угостителски објект во Вождовац. Инцидентот се случил во вторникот, на 10 февруари кога С. Г. кој работел во истиот локал но неодамна добил отказ, предизвикал намерен пожар а потоа наместо да бега, снимал со мобилен и видеата ги испратил до своите поранешни работодавци








