Божиновска: Усвоен историски Закон за обновливи извори – силен чекор кон енергетска независност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на Македонија. Според Божиновска, станува збор за прв посебен закон во оваа област кој е целосно усогласен со европските правила и претставува








