Холандскиот „Јас не сум робот“ – најдобар краток филм на „Астерфест“; Завршува 20. издание на филмскиот фестивал во Струмица
Гран при за најдобар краток филм на 20. издание на „Астерфест“ доби холандскиот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам. Со „Златната потковица“ се закити македонскиот „Избор“ на Марко Црногорски, „Сребрената потковица“ ја доби полско-францускиот „Сок од портокал“ на Александар Атане, а „Бронзената потковица“– францускиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадун