Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат
Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе и да им се приклучи на протестите. „Марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома, оти утре не дај боже ќе ви се случи и вас истото. Да не кукате и вие како што ние кукаме и да