Обвинителството отвори истрага за сексуална злоупотреба на малолетничка во Битола
Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж осомничен за продолжено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Според информациите од Обвинителството, осомничениот во периодот од јануари до јуни годинава во повеќе наврати имал сексуални односи со 12-годишно девојче.










