Пеколна недела за Вардар: Во вторник со Монпеље, во четврток со Пелистер
Поради европските настапи на Вардар во Лигата на Европа и дуелите со францускиот Монпелје, „црвено-црните“ нема да играат викендов во домашното првенство. Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое требаше да се игра на втори мај, ќе се игра на 7 мај во 19 часот. Ова ќе биде пеколна недела за Вардарци.










