Јоргенсен предупредува: Европа се соочува со тешко лето поради недостиг на гориво
Комесарот за енергетика на ЕУ, Ден Јоргенсен, во понеделник изјави дека Европа, дури и во најдобар случај, се соочува со „тешко лето“ поради недостиг на гориво предизвикан од војната во Иран и затворањето на Ормутскиот теснец. Тој во Мадрид изјави дека Европската Унија подготвува мерки за ублажување на влијанието на војната врз снабдувањето со гориво









