Уличен дефект остави без вода дел од Сингелиќ
Од скопски Водовод известиваат дека денеска поради уличен дефект на ул.Кадри Бази бр.41, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Сингелиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:40 часот до завршување со санација на дефектот.










