Летото може да започне во километарска колона: Македонија бара изземање на новите биометриски контроли на грчката граница за време на летната сезона
Летната туристичка сезона за македонските патници би можела да почне не на плажа, туку на граница, во долги колони и неизвесно чекање. Токму таа перспектива повторно ја отвори темата за новиот европски систем за влез и излез (Entry/Exit System), кој треба да донесе построги контроли за државјаните надвор од ЕУ. Стопанските и туристичките претставници









