Евакуиран дел од Градската управа во Загреб по дојава за бомба
Поради дојава за бомба, зградата на Градската администрација во Загреб беше евакуирана. Вработените во Градската администрација беа евакуирани само од 3-тиот и 4-тиот кат, изјави еден од вработените за хрватскиот портал 24sata. Истата зграда беше евакуирана пред 12 дена, исто така поради дојава за бомба, која беше лажна.