Животно старо 2.300 години: Морски сунѓер го надживеал Стариот Рим и речиси го дочекал 21 век
Еден од најстарите познати животински организми некогаш документирани бил огромен морски сунѓер од видот Xestospongia muta , кој повеќе од 2.300 години живеел на истото место во близина на карипскиот остров Курасао. Научниците проценуваат дека започнал да расте уште пред создавањето на Римското Царство, а угинал дури во 1998 година. Овој примерок,

