КК Струмица ја запиша првата победа во Суперлигата – Пелистер совладан со 84:69
Кошаркарите на Струмица ја забележаа првата победа во суперлигашкото друштво, откако вечерва на домашен терен го совладаа Пелистер од Битола со 84:69. Битолскиот состав подобро го отвори натпреварот и прв стигна до предност, но струмичани во продолжението ја презедоа контролата и со одлична игра во еден момент поведоа и со највисоки +19. Сепак, Пелистер



