Крај на црната серија: Јувентус ја прегази Пиза
Конечно насмевки во Торино: Јувентус победи на првенствен меч по пауза од 34 дена
Фудбалерите на Јувентус конечно успеаја да победат во меч од Серија А и да се вратат во трката за пласман во Лигата на шампионите. Постот пред првенствена победа траеше цели 34 дена, но вечерва во Торино гостуваше Пиза и си замина со три гола во мрежата. Головите за Јувентус во убедливата победа од 4-0 над Пиза беа дело на Камбијасо, Турам, Јилдиз
Крај на црната серија: Јувентус ја прегази Пиза
фото: JuventusFC (X) По четири натпревари без победа во Серија А, екипата на Јувентус вечерва покажа класа и со убедливи 4:0 славеше против екипата на Пиза. „Старата Дама“ успеа да ја прекине црната серија и да дојде до 14-тата победа сезонава и да се врати на местата кои обезбедуваат европски пласман. Јуве вечерва пред своја публика поведе дури во



