Напаѓачот од Менхетен се жалел на НФЛ поради потреси на мозокот – вработен во НФЛ меѓу жртвите
Шејн Девон Тамура (27), напаѓачот кој вчера уби четири лица во деловна зграда во Њујорк, пред да си го одземе животот, оставил проштално писмо во кое тврдел дека боледува од хронична трауматска енцефалопатија (ЦTE) и побарал неговиот мозок да биде анализиран по смртта, јавува „Си-ен-ен“. Во краткото писмо од три страници, пронајдено во неговиот џеб