Сигналот од „Војаџер 1“ сега патува цел ден до Земјата
Пораката што „Војаџер 1“ ја испраќа денеска, на Земјата стигнува утре. По речиси половина век патување, сондата на НАСА стана првиот објект создаден од човекот што се оддалечил еден светлосен ден од нашата планета. Пресвртницата ја достигна на 18 ноември, на растојание од околу 25,9 милијарди километри. Светлосен ден е мерка за растојание: толку поминува










