Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати
На автопатот „Тракија“ во Бугарија утрово, поради густата магла, се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе десетици возила. Несреќата се случи околу 7 часот кај клучката Зимница, на 290. километар од автопатот. Според последните информации, загинаа 12 лица, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно прекинат во двата правци. Tragedy









