Субхи Јакупи, е избран за претседател на Управниот суд
Изборот на новиот претседател на Управниот суд помина со поддршка од мнозинството членови на Судскиот совет, но не и без забелешки. Судијата во Вишиот управен суд, Субхи Јакупи, ја доби функцијата, додека членката на Советот Сузана Јошевска се изјасни против неговиот избор, посочувајќи го неговото пократко судиско искуство во споредба со останатите










