OpenAI за смртта на тинејџерот: „Самиот е виновен“
Компанијата го обвинува 16-годишниот тинејџер за трагедијата, тврдејќи дека неправилно го користел ChatGPT. Компанијата OpenAI соопшти дека не е одговорна за смртта на 16-годишното момче од Калифорнија, тврдејќи дека тинејџерот „погрешно го користел“ ChatGPT и дека четботот повеќе пати го упатувал кон итни линии за помош, додека семејството тврди спротивно


