Заврши гласањето на локалните избори во Хрватска
Избирачките места за локалните избори во Хрватска се затворија во 19:00 часот по локално време. Хрватите денеска ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како и градоначалници на градови и општини и обласни управители. Вкупно 6.600 избирачки места се отворија утрово во 7:00 часот по локално