Партијата за движење на Турците: Неопходно е континуирано усовршување на Охридскиот рамковен договор
Денес одбележуваме значајна годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ кој претставува темел за градење на соживот, еднаквост и меѓуетничка хармонија во нашата држава. Овој договор е исклучително важен за унапредување на меѓуетничките односи и останува еден од клучните столбови на демократијата во Република Северна Македонија,