Се воведува забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро
Со одлука на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се забранува риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона „Мавровско Езеро“ до 31.12.2026 година. Забраната е донесена согласно член 84 став (1) точка 1 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на РСМ“ бр. 64/24 и 160/25), по барање на ЈУ Национален парк Маврово





