Десет години „Winter Apricots“: Фестивал што ја разбуди филмската публика во Прилеп
Од 10 до 13 декември, Прилеп го одбележува јубилејното, десетто издание на меѓународниот фестивал на кратки филмови „Winter Apricots“. Она што пред една деценија започна како ентузијазам на мала група филмски заљубеници, денес е стабилна културна точка на македонската мапа. Организаторот Дарко Горгиески вели дека десетте години зад себе носат истрајност,




