Квартараро по пауза од 1134 дена стигна до пол-позиција
Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Шпанија во Мото ГП шампионатот. Французинот имаше одлично време во квалификациите, односно 1:35.610 со кое стигна до првата пол-позиција по пауза од 1134 дена. Квартараро во квалификациите беше побрз од Марк Маркез на Дукати, а зад нив заврши Франческо Бањаја