Од нас зависи со колку поени разлика ќе ја победиме Ирска
По повеќе од две недели интензивни подготовки, машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Република Ирска







