Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина
Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина, напротив сите постојни механизми за нејзина заштита остануваат целосно на сила – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски по бројните реакции во јавноста за законските измени но и по најавата за нов рудник за антимон во Крива Паланка.





