Ексклузивно за Трн: Дино Мустафиќ за „Федра“меѓу Расин и Сара Кејн
Што се случува кога една жена ќе посака нешто што општеството не ѝ дозволува да го посака? Токму од ова прашање тргнува режисерот Дино Мустафиќ во „Федра – Антропологија на една желба“, чија премиера е вечерва, 19 септември, од 20 часот во Драмски театар Скопје. Претставата ги спојува „Федра“ од Жан Расин и „Љубовта на Федра“ од Сара Кејн во сценски









