Италијанската полиција ги најде украдените дела од Реноар, Сезан и Матис вредни 29 милиони евра во куќата на еден од крадците
Пронајдени се сликите од Реноар, Сезан и Матис, вредни 29 милиони евра, кои беа украдени од италијански музеј во март, соопшти италијанската полиција. Сликите биле украдени од вилата на Фондацијата „Мањани-Рока“, во близина на Парма, во северна Италија, во грабеж што траел помалку од три минути. Началникот на полицијата во Парма, Андреа Паљаро, изјави



