Со туѓа лична карта, велешанец подигнал брз кредит од 149.000 денари, МВР постапува
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ. (34) од Велес поради злоупотреба на лични податоци и измама при добивање на кредит или друга погодност. Според информациите, на 30 септември 2025 година, во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност, во негово име аплицирал за кредит од финансиско







