Холандија ја „гази“ Шведска, Броби со два гола за десеттина минути
Холандија игра одлични 30-тина минути против Шведска на првиот денешен меч од Светското првенство. „Лалињата“ веќе имаат предност од 2-0, па победникот во Хјустон се наѕира, иако до крајот на мечот има да се одиграат еден час активна игра. Херој на Холандија е Брајан Броби, кој за десеттина минути успеа двапати да се запише во листата со стрелците


