Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун
„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата




