Сообраќајот без застои, магла кај Демир Капија
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри утрово има во околината на Демир Капија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










