„Господин сабота“ пак најдобар, дуото на Ферари покажа одлично темпо во Лас Вегас
„Господин сабота“, како што љубителите на Формула 1 го нарекуваат Шарл Леклер, одново беше прв на квалификации, овојпат за трката на Големата награда на Лас Вегас. Возачот на Ферари беше најбрз и на единствениот петочен тренинг, а тоа го потврди со време од 1:32,726 по круг. Второто место го зазема Карлос Саинц, потврдувајќи ја одличната форма на Ферари