Сопругот ја уби новинарката Елма Годињак во Сараево: Ја следел, ја снимал и не ѝ давал развод
Новинарката Елма Годињак (41) вчера е убиена во Сараево а за убиството осомничен е нејзиниот сопруг со кого била во бракоразводна парница Тарик Прусац (49). Тој работел како обезбедување и бил обучен за ракување со оружје. Во минатото бил пријавуван за вознемирување и следење на жртвата. Адвокатката Елмедина Бојичиќ која ја застапувала Елма во бракоразводната

