притисни ентер »

Ана Бунтеска: Ода за лудоста

Ана Бунтеска: Ода за лудоста

Сакам да полудам... ама онака убаво, со сите тертипи, со дијагноза уредно свиткана во паричник, како ливче со крвна група и RH-фактор. Да станам наутро... со мрсни бои да си го насликам кошмарот на ѕид, да облечам долг фустан, црн, со тантела и боса да зачекорам во денот. Сакам да појдам на врв на оние, високите кули во Градски ѕид, да стојам на работ