Шар Планина под будното око на камерите: засилен надзор над балканскиот рис
Националниот парк Шар Планина најави дека во текот на 2026 година ќе започне продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) со цел унапредување на мониторингот на балканскиот рис и популациите на дива коза на овој планински масив. Во рамки на оваа соработка, следењето и набљудувањето на дивите животни ќе се одвива со значително зголемен




