Став на Партијата на пензионери во врска со Законот за работно ангажирање на пензионерите
Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионери, особено што Партијата на пензионери преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагаше донесување на сличен Закон, но за жал не беше прифатен од претходниот Парламент. Токму затоа овој чин го гледаме како револуционерен.










