ЕХФ го истакна МВП изданието на Фитиљ
Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа реми со Вибжеже Гдањск, 31-31, во меч од 2. коло во Лигата на Европа и се вратија во игра за првите две места во групата што водат во елиминациите од второто европско клупско натпреварување. ЕХФ го издвои импресивниот перформанс на Филип Кузмановски кој блесна со дури 15 погодоци.










