НБА легендата сака да се приклучи на Евролигата
Исаија Томас, двократен НБА Ол-стар играч, ја изрази својата желба да се приклучи на тим од Евролигата. Томас откри на социјалните мрежи, кратко по завршувањето на возбудливиот судир меѓу Монако и Реал, дека нема да има ништо против да се пресели преку Атлантскиот Океан. „Размислувам да одам во Евролигата. Само сакам да играм“, напиша Томас на „X“

