Адвокатот на газда Нацев: Наместо кривица, ќе докажеме херојство на чуварите
Во судницата каде што се води процесот за трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ од 16 март 2025 година, одбраната на првообвинетиот Александар Нацев денес го презентираше својот воведен говор. Адвокатот истакна дека обвинението против Нацев е без основа и дека тој никогаш не делувал како реален сопственик или лице што управува со агенцијата за обезбедување










