Нова дерби пресметка: Охрид гостува кај Пелистер!
Денеска сите погледи се свртени кон Битола, а таму ќе се одигра дерби-дуелот од 12. коло во Супер-лигата. Пелистер го пречекува ГРК Охрид, натпреварот е закажан со почеток во 18 часот. Битолчани на оваа средба влегуваат по одличното издание против Вибжеже Гдањск во Европската лига, додека во Супер-лигата го имаат поразот од Алкалоид на гостински терен

