Страшен небесен скок на Домен Превц, го сруши рекордот на брат му
Домен Превц продолжува да доминира во Светскиот куп и уште еднаш покажа зошто важи за најдобар ски-скокач на денешницата, откако славеше и на скокалницата во Кулм во Австрија со што ја запиша шестата победа по ред. Словенечкиот ас беше најдобар уште по првата серија со скок од 238 метри, а во втората блесна со лет долг 245,5 метри.






