Груби на распит во Обвинителство
Артан Груби, осомничен за проневера во Државна лотарија, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворско одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството. Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државава преку истиот граничен премин










