Порака од Софија: Коридорот 8 не е само македонско-бугарска работа, отворете ги политичките канали
Додека Скопје и Софија повторно разговараат за своите разлики, од Брисел стигна порака која вреди да се прочита пошироко од дневната политика. Еврокомесарката за проширување Марта Кос во Софија не зборуваше само за железница, патишта и гранични премини. Таа ја постави Бугарија во една многу поширока европска географија: како порта кон Црното Море и









