СДСМ: За семејната фирма на Томовски што добила 5,5 милиони евра ние да се извиниме? Не, ќе продолжиме!
Граѓаните денеска ги видоа сите докази, факти, документи кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Семејната фирма на Томовски го чисти буџетот, 5.5 милиони евра, 161 тендер. Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт. Фирмата ја зголемила својата дејност за 306%, а само годинава земала тендери од речиси половина милион евра









